x

Ракометар заигра за фудбалската репрезентација на Фарски Острови и асистираше со „ножички“ (ВИДЕО)

rakometar-farski-ostrovi

Не е нешто невообичаемно ако кажеме дека локалните занаетчии, лекари, рибари многу често се дел од фудбалската репрезентација на Фарските Острови. Од вчера, во репрезентацијата има и ракометар.

На пријателскиот натпревар против Литванија во поразот од 2:1, во дресот на Фарските острови дебитираше ракометарот Хилмар Леон Јакобсен (бр. 22 на сликата). Тоа е ракометен репрезентативец на Фарските Острови, кој „ја пополни дупката“, па дури беше и стартер.

Играше како напаѓач, а во 31. минута ја покажа својата сила од ракометниот терен и заработи жолт картон. Интересно е што Хилмар Јакобсен беше асистент во постигнувањето на единствениот гол за својата репрезентација, откако изведе бравурозни „ножички“ во судиското продолжение, по што неговиот удар заврши во пречката, па до топката стигна неговиот соиграч Ватхамар кој ја спроведе во мрежата за 2:1.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата