На турнирот што го организираше Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија учествуваа најдобрите четири екипи од државата, ООУ „Гоце Делчев” од Општина Илинден, ООУ „Кочо Рацин” од Куманово, ООУ „Јосип Броз Тито” од Струга и ООУ „Коста Рацин” од Радовиш.

Во полуфиналниот натпревар ООУ „Гоце Делчев” со само еден гол разлика загуби од ООУ „Јосип Броз Тито”, а во борбата за третото место убедливо го победи ООУ „Коста Рацин” со резултат од 23:18.

И на овој турнир екипата на „Гоце Делчев” прикажа извонреден ракомет потсетувајќи дека не случајно минатата година на ова исто натпреварување го освои второто место, а во 2013 година беше државен шампион.