Во машка конкуренција се уште сме на осмата позиција со 39,56 поени, а тоа значи дека и понатаму ќе имаме четири места во Европа, едно во Лигата на шампионите, две во ЕХФ Купот и едно во Челинџ Купот.

Кај мажите води Германија, пред Унгарија, која сега е пред Шпанија, благодарение на константните резултати на Веспрем и на Пик Сегед. Тоа, пак, значи дека Шпанија номинално го загуби правото на две загарантирани места во Лигата на шампионите, право кое сега го има Унгарија. По Шпанија, следат Франција, Полска, Данска и Словенија, како земји подобропласирани од Македонија.

Кај жените, благодарение на добрите настапи на ЖРК Вардар, се искачивме за едно место погоре, па сега сме деветти со 41,58 поени. Пред нас се Данска, Унгарија, Русија, Норвешка, Романија, Германија, Франција и Црна Гора. На Македонија и припаѓаат едно место во ЛШ, едно во ЕХФ и две во Челинџ Купот.