Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2015, во однос на јули 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe намалени.

Економската состојба на деловните субјекти во август 2015 година е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на август 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2015 година изнесува 63.8% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25.0%, недоволната домашна побарувачка со 24.0%, недоволната странска побарувачка со 23.7% и финансиските проблеми со 6.9 %.