x

Ракитиќ замина на прегледи во Севиља

ivan-rakitic-1-e1588241194876

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ повторно ќе игра за Севиља, бидејќи се договорил за тригодишна соработка со клубот од Андалузија.

Според информациите на „Марка“, хрватскиот репрезентативец денеска ќе ги мине лекарските прегледи во Севилја, по што ќе направи официјално враќање во клубот. Во овој момент не е познато колкава е висината на трансферот, но се наведува дека таа сума треба да изнесува најмногу 5 милиони евра, откако Ракитиќ влезе во последната година од договорот со Барселона.

32-годишниот играч се пресели од Севиља во Барселона летото 2014 година за 18 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата