x

Раиола го советува Погба да потпише нов договор со Манчестер Ј.

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед , Пол Погба, ќе потпише нов договор во клубот, смета шпанскиот фудбалски стручњак Гилем Балаге. Погба веќе долго време е поврзан со преселбата во Реал Мадрид, но Балаге смета дека тоа нема да се случи.

Според информацијата, менаџерот на Погба, Мино Раиола, го наговора Французинот да стави параф на нов договор, атоа што во скоро време за него не е најдобро да го напушта „Олд Трафорд“. Ако се знае дека Погба му верува на својот агент, голема е веројатноста да го послуша и да се обврзе на нова верност кон „црвените ѓаволи“.

Францускиот интернационалец одигра само пет натпревари во Премиер лигата оваа сезона, поради постојана повреда на глуждот. Балаге смета дека Погба ги одржува своите опции отворени, но на крајот ќе сфати дека неговата иднина е на „Олд Трафорд“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата