Раиконен му се приближува на Алонсо
Кими Раиконен од Мекларен победи во трката за Големата награда на Канада и ја намали предноста на лидерот во генералниот пласман Фернандо Алонсо. На влажната патека во Монтреал, Мекларен пропушти шанса да стигне до првиот “еден – два” триумф откако Хуан Пабло Монтоја беше дисквалификуван поради напуштање на пит стопот, кога на семафорот светеше црвеното светло. Со третата победа во последните три трки, Раиконен изби сам на второто место во генералниот пласман, со 22 бода заостанување зад Алонсо. – Имав мали проблеми со болидот, бидејќи предните тркала ме влечеа в лево. Од тимот ми соопштија дека не е нешто сериозно, меѓутоа се плашев да не ми се повтори Нирнберг (победата беше загубена во последниот круг откако откажа суспензијата на предното тркало). Бев загрижен, но се мина во најдобар ред. Среќно стигнав до триумфот, изјави Раиконен. Второто и третото место им припадна на возачите на Ферари, Михаел Шумахер, седумкратен победник на ГН на Канада, и Рубенс Барикело, кои го искористија откажувањето на двоецот од “Рено”, Алонсо и Џанкарло Монтела, судирот на Џејсон Батон и дисквалификацијата на Хуан Пабло Монтоја. – Ферари треба да биде задоволен од оваа трка. Во финишот му се приближив на Кими, имав подобра брзина, но тоа не беше доволно да стигнам до првата сезонска победа, вели Шумахер.
РЕЗУЛТАТИ ОД ГН НА КАНАДА: 1. Кими Раиконен (Мекларен) 1:32:09.290 часа, 2. Михаел Шумахер (Ферари) + 00:01.137 секунди, 3. Рубенс Барикело (Ферари) + 00:40.483, 4. Фелипе Маса (Заубер) + 00:55.139, 5. Марк Вебер (Вилијамс) + 00:55.779, 6. Ралф Шумахер (Тојота) + 1 круг, 7. Дејвид Култхард (Ред Бул) + 1 круг, 8. Кристијан Клин (Ред Бул) + 1 круг.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ: 1. Фернандо Алонсо 59 бода, 2. Кими Раиконен 37, 3. Јарно Трули 27, 4. Ник Хајдфилд 25, 5. Михаел Шумахер 24, 6. Марк Вебер 22, 7. Рубенс Барикело 21, 8. Ралф Шумахер 20, 9. Џанкарло Физикела 17, 10. Дејвид Култхард 17, 11. Хуан Пабло Монтоја 16, 12. Фелипе Маса 7, 13. Александер Вурц 6, 14. Жак Вилнев 5, 15. Педро де ла Роса 4, 16. Кристијан Клин 4. 17. Витантонио Луици 1 бод. наслов: КОНСТРУКТОРИ: 1. Рено 76 бода, 2. Мекларен Мерцедес 63, 3. БМВ Вилијамс 47, 4. Тојота 47, 5. Ферари 45, 6. Ред Бул Рејсинг 22, 7. Заубер Петронас 12.