Откако поранешната Мис на Скандинавија, Џени Далман, минатата година се разведе од возачот на Мекларен Мерцедес, Финецот Кими Раиконен (25), тој, се чини, станува уште “побрлив” во своите ноќни променади. Извонредниот Формула 1 возач честопати беше обвинуван дека премногу пие и дека ноќниот живот му е во стилот на Хју Хефнер и Хауард Хјуз од младите денови, на што тој секогаш успешно се одбрануваше. Најновиот скандал го предизвикал минатата недела, кога во “тра-ла-ла” состојба влегол во еден стриптиз-бар со двајца другари. Според менаџерот на барот, “мокрите браќа” испиле неколку шишиња шампањ (900 евра шише), а потоа Кими се качил на подиумот, изведувајќи налудничав танц, соблекувајќи ги панталоните: – Не можев да поверувам дека еден од најдобрите светски возачи игра со симнати панталони до колениците, на мојот подиум. Во тимот на Меклерен веќе е дигната тревога, но Кими и овојпат истакнува дека не се чувствува виновен за глупостите кои се пишуваат во весниците: – Не е точно дека ме избркале од барот. За другото… ќе ви кажам само дека тоа е мој живот и дека не дозволувам никој да ми се меша во него. Јас сум платен да возам, а тоа го правам на најпрофесионален можен начин.