Сите мажи вработени во Агенцијата ќе мора отсега натаму во текот на работното време да бидат облечени во костуми и со вратоврски. Ноншалантноста во облекувањето е забранета. Многумина од вработените со спортски стил на облекување, ваквото правило го доживеале, како што велат, како ставање во калап. Меѓутоа, од новиот ред во куќата не биле поштедени ни жените. Ним, освен тоа, што им е наложена строга, деловна линија во облекувањето, поинтересно е што со таквиот тип гардероба, директорот побарал носење на мали, елегантни чанти. Големите чанти, како што, наводно, нагласил, не се пожелни. Со ваквата наредба, меѓу вработените остана дилемата дали, можеби, Китановски се плаши од содржината во внатрешноста на големите женски чанти?