Поедини славни ѕвезди толку се распекмезени што неретко ја преминуваат границата на норманото. Меѓу нив предначат популарни пеачки.

Некои од нив ги бие глас дека приватно се вистински тирани, кои немилосрдно ги експлоатираат луѓето кои работат за нив и многу често се побудалени од неверојатни барања и хирови.

Џенифер Лопез
Во музичките кругови одамна е позната по тоа што изигрува дива. За настап секогаш бара приватен авион и десетина хотелски соби за своја армија од шминкери и стилисти. Белото цвеќе и е омилено, по можност љиљани или ружи.
Бели мора да бидат столиците, свеќите, но и целата храна. Кафето мора да биде измешано во спротивна страна на стрелките на часовникот. Интересно е нејзиното објаснување: “Сето тоа е игра на моќ – тие работи јас не ги барам туку моите соработници. И како што велат, што моите барање се почудни, така и јас на публиката ќе и бидам по интересна”.

Ријана
Дека славата брзо и удри во глава, докажува и однесувањето на пеачката Ријана. Нејзините концерти никогаш не ги започнува во закажаното време, а барањата и се од луди, полуди. Така во очи на настап во Даблин барала да ја чува ирската гарда, што од безбедносни причини, што од тоа како би поминала побрзо нз хаотичниот сообраќај. Позади сцена мора да има многу енергетски пијалоци и колачиња. На една фотографија на својот Инстаграм додала коментар: Единствена работа која морам да ја правам е она еб**о сакам”.