Според досегашните обработени гласовите од избирачките места, според веб-страницата на ДИК, кандидатот за претседател Стево Пендаровски засега е во благо водство пред Гордана Сиљановска-Давкова. Според досегашните податоци, Пендаровски има освоено 56,11 отсто од гласовите, Сиљановска 40,45 отсто, а има и 10 191 неважечко ливче.

Од Државната изборна комисија велат дека овојпат броењето на гласовите ќе оди побрзо бидејќи податоците се испраќаат електронски.

Наредната прес-конференција на ДИК се очекува околу 22 часот кога ќе бидат и официјално соопштени првичните резултати од преброените гласови.