Маратонскиот отчет на партијата на Груевски за сработеното претставува пример на голема транспарентност и отвореност, при што пред 10 илјадна публика и стотици илјади кои можеа да го следат настанот на интернет, се објаснуваше секој аспект на преземените реформи и проекти и корисноста која ја добиваат граѓаните од истите.

– Ветеното, сработеното и отчетот, посветената работа за подобрување на животот на граѓаните и исполнувањето на ветениот збор не прават поразлични од останатите. Ете тоа не прави поразлични од другите. Вредноста во политиката не треба да биде она што ќе го кажат политичарите, туку тоа што ќе го направат тие за народот, за граѓаните, за државата. Делата треба да зборуваат за нас, а не нашите зборови. Дадениот збор за нас во ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа”, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на презентацијата на отчетот за сработеното во изминатите години.

Делата, додаде Груевски, нас не прават поразлични од другите политичарите кои само ветуваат брда и долини и никогаш не испорачуваат резултати.

– Резултатите преточени во дела нас не разликуват од останатите. Она што ние го ветуваме е реално и остварливо. Отчетот е доказ за тоа. Она што нашите политички опоненти го говорат се најчесто празни зборови и многу често нереални ветувања. Затоа и не може да им се верува. Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата помеѓу нас и нив. Трудот, посветеноста, работата, држењето до дадениот збор, нас не разликуваат од нашите политички противници, особено во едни многу сложени околности какви што имавме кога правеа се за да не дефокусираат, да не оцрнат да не оддалечат од она шза што сме избрани од вас граѓаните на фер, демократски и легитимни избори во Македонија, истакна Груевски во обраѓањето на почетокот на промоцијата на Отчетот.

Ние, потенцира тој, не застанавме и продолживме да работиме на создавање и креирање на реформи на дела, на мерки и разни проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во РМ.

– Затроа знајеќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политичли период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламетнарни избори ќе продолжиме да работиме посветено на создавање на реформи, на проекти на мерки и на дела што ќе го подобрат животот на сите во нашата држава. Ќе повторам ова е разликата меѓу нас и нив. Вака со работа со дела со резултати со реформи со мерки за поквалитетен живот со решавање на проблемите вака се сака Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Додаде дека бројните реализирани проекти им помагаат на луѓето и со тоа го прават нивниот живот поразличен подобар отколку што бил и поквалитетен во повеќе сегменти.

– Ние во изминаитот период покажавме како изгледа да се гради, како изгледа да се грижиш за своите сограѓани, да помоагаш, да решаваш проблеми, да правиш реформи, нашата посветеност е реализацијата на нашата програма и начинот на водење на политиката вроди со плод. Денес луѓето лесно можат да направат споредба како било некогаш, а како е денес. Нашата работа донесе нови работни места чиј број на новоотворени работни места достигна 150 илјади новоотворени работни места. Од 560 илјади вработени над 710 илјади вработени во Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцира дека платите на просветите работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119 проценти кај просветните работници, а највисоката за 67 проценти. За пензионерите просечната пензија е зголемена за над 70 проценти, а најниската за повеќе од 90 проценти.

– Користа од нашата политиката ја почуствуваа и земјделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од една милијарда и 55 милиони евра, насочени кон земјоделците. Покажавме како треба да се унапредува здравството со изградба на болници, клиники, набавка на огромни количини медицинска опрема во износ од над 100 милиони евра, но и со едукација на најновите методи за дијагностика и најновите методи за лечење на различни болести, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Грижата за иднината на земјата, според него, се гледа во образованието, преку шансата за запишување на универзитет, преку двата новоотворени државни универзитети, преку згоелмените стипендии и намалените партиципации, преку можноста за студирање во странство, а трошокот да го покрие буџетот и многу други поволности,пишува Курир.мк

– Граѓаните добро знаат што значи да се обновува инфраструктурата. Градиме три нови автопати, изградивме над 510 километри регионална и околу 750 километри локална патна мрежа, истакна Груевски.

Овие, додаде, и уште над 3.500 други проекти, мерки и реформи се реализирани во неколку последователни години.

– Пред вас денеска се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од вас, од граѓаните, од народот, од поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија. Во овој отчет се опфатени проекти од 2014 до 2016 годинано и некои поголеми и значајни проекти коишто започнале или се реализирале и во периодот до 2014 година, истакна Груевски.

Подвлече дека е тешко на неколку стотини страници да се каже и да се покаже што се е направено, но едно е важно, а тоа е фактот дека најголем дел од тоа што е ветено е остварено или почнало да се остварува. Има, рече, и многу работи што не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните во текот на мандатот.