„Не одете онаму каде што ве води патот, наместо тоа одете каде што нема пат и оставете трага“ гласи изјавата на легендарниот Ралф Валдо Емерсон која што и ден денес се прераскажува. Успешните ретко играат на сигурно, а почесто го избираат патот кој другите не се осмелуваат да го изодат.

Тие имаат јасни цели и не дозволуваат непредвидените предизвици да ги спречат во реализацијата, напротив, гледаат на нив како шанси кои треба да бидат искористени. Токму таков е и патот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што важи за еден од најпочитуваните политичари на домашен терен.

Неговата професионална биографија е полна со успешни подвизи, а покрај активностите во светот на политиката, Мицкоски паралелно предава и на Машинскиот факултет во Скопје каде секојдневно разменува искуства со студентите и им го пренесува своето знаење.

Екипата на Бекстејџ деновиве беше во посета на неговиот кабинет во рамки на факултетот каде Мицкоски раскажа се за неговите обврски како професор, а потоа откри и интересни детали поврзани со неговиот приватен живот. Најпрвин се разговараше околу впечатоците и импресиите од годината што изминува, а потоа прозборе и за бракот со сопругата Рози со која е заедно долги години, а која работи како професорка по македонски јазик во скопската гимназија „Орце Николов“.