Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови во канцелеријата на „Брза Пошта“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје засега непознат сторител извршил разбојништво, соопштија од полицијата.

Од МВР информираат дека лицето со закана со пиштол од вработената одзел 680.000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

извор: Makfax