Четворица непознати лица вчера попладне ограбиле 22-годишен Пакистанец, кај железничката постојка во близина на с.Виничани-велешко.

Тие биле со автомобил, кој се движел по пругата, при што му одзеле околу 150 евра и 6.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax