Двајца скопјани вчера биле нападнати и ограбени во два одвоени случаи на кејот на Вардар во Центар и во парк-шумата Гази Баба.

Вчера во 15 часот, И. Ш. (37) од Скопје пријавил во полицијадека истиот ден околу 13 часот во Скопје на улица Кеј 13-ти Ноември  две непознати лица физички го нападнале и му зеле 4.000 денари.

Неколку часа подоцна, Е. Н. од  село Бојане, Скопско, пријавил дека околу 14.30 часот во парк-шумата Гази Баба, го нападнале три непознати машки лица и му украле мобиле телефон и паричник.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

извор: Makfax