Синоќа на паркинг на скопската улица „Роберт Кох“, додека 28-годишен скопјанец го паркирал својот автомобил во кој била и неговата 27-годишна сопатничка, четири непознати лица почнале со безбол палки да го кршат возилото.

Кога возачот излегол од автомобилот, бил физички нападнат од разбојниците. На неговата сопатничка поради вознемиреност и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на настанот.

 

извор: Makfax