Маскиран разбојник вооружен со пиштол завчера вечер ограбил уплатно место на синџир обложувалници, соопшти скопската полиција. Разбојништвото се случило околу 22.15 часот во уплатното место на синџирот “Спорт лајф”, кое се наоѓа на улицата “Лука Геров”.
Разбојникот го чекал моментот кога внатре останал само вработениот и влегол за да го ограби. Го вперил пиштолот во неговото лице и заканувајќи му се дека ќе го убие, му наредил да ја испразни касата. Пленот не бил богат, само шест илјади денари, па разбојникот зел и лаптоп компјутер од обложувалницата.
Од скопската полиција информираат дека засега немаат осомничени.