x

Радовиќ си заминува од Борец!?

radovic

Никола Радовиќ многу веројатно нема да го носи дресот на Борец на пролет. Србинот кој требаше да биде ударна сила на нападот на велешани не само што не ги оправда очекувањата туку напротив разочара на моменти со своите настапи, многу веројатно го заврши својот престој во Велес.

Со ова се растура тандемот Прелчец – Радовиќ во кој Борец влеваше многу надеж есенва, а виде многу малку фајде. Очигледно дека управата ќе мора бргу да реагира и да пронајде замена за србинот, а повторно најверојатно ќе се оди со странско засилување.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата