x

Радовиќ верен на Борец, се приклучи и Лазар Пеев

Екипата на Борец полека но сигурно се комплетира за следната сезона. Тренерот Горазд Михаилов веќе неколку дена напоредно како води подготовки, и во исто време го комплетира тимот за следната сезона.

Последно од таборот на велешани е информацијата дека Никола Радовиќ, српскиот интернационалец кој минатата сезона имаше неколку забележителни настапи ја продолжи верноста на уште една година и ќе виде дел од Борец и следната сезона.
„Задоволен сум мојот престој тука во Велес. Уште од стартот одлично бев примен од страна на сите, клуб, стручен штаб соиграчи, и нема причина зошто да менувам. Борец е одлична средина, мислам дека следната сезона ќе бидеме уште поквалитетни и поконкурентни во домашниот шампионат. Искрена благодарност за укажаната доверба и ќе направам се за истата да ја оправдам“ – вели Радовиќ за Спортмедиа.

Од друга страна пак, новитет во тимот е Лазар Пеев, играчот за врска кој досега беше дел од екипата на Плачковица. Настапуваше и за Тиквеш, и за Македонија ЃП, а со него Борец добива уште една опција повеќе во најбитниот дел од теренот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата