x

Радичевиќ: Жал ми е што не освоивме титула со Вардар, поради луѓето во Македонија и Самсоненко

Јованка Радичевиќ пет години го носеше дресот на ЖРК Вардар. Ракометарката на Будуќност за „Балкан-хендбол“ вели дека и ден-денеска жали што не успеа да дојде до титула во Лигата на шампионите со македонскиот тим, иако сите во тоа време ги најдобрите услови.

„Често пати размислувам за ЖРК Вардар. Пет години бев во Скопје, овој град е мојот втор дом. Навистина ми е жал што не успеавме да освоиме титулата иако бевме зрели. Жал ми е поради луѓето таму, газдата Сергеј Самсоненко кој навистина вложи во ракометот, и во женскиот и машкиот тим, имавме неверојатни услови. Машкиот тим успеа да му врати. Но, спортот е таков има падови и подеми, некогаш е потребна среќа“, рече Јованка Радичевиќ, кој има една титула во женската Лига на шампиони.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата