x

Радески и Чешмеџиев го засилуваат Вардар!

Напаѓачот Марјан Радески и дефанзивецот Константин Чешмеџиев по заминувањето од Шкендија повторно ќе облечат црвено-црн дрес, но овојпат на Вардар. Радески се поврзуваше со трансфер во странство но од тоа нема ништо, па ете се отвори можност да заигра за најтрофејниот македонски клуб.

Радески одигра преку 100 натпревари за Шкендија од доаѓањето во тетовскиот клуб во 2015 година, а претходно беше член на Металург и 11 Октомври. Тој е и репрезентативец на Македонија.

Чешмеџиев, инаку младински репрезентативец на Македонија, пред Шкендија, играше за Академија Пандев, Македонија ЃП, Пелистер и Работнички.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата