Рада Мнојловиќ открива на што е посебно горда во изминатата година и што би променила во новата година.

“2019. ми беше убава година, не се случи нешто толку лошо што би сакала да ја заборавам, а некои ситуации и грешки би ги нарекла попатни од кои треба да се учи во иднина, да не се повторат. Годината ја завршив со песната “Свадба“ која беше успешна и е најава за нови убави песни кои не очекуваат во почетокот на 2020 година“, рекла Рада. Како е во долгогодишна врска со Харис Берковиќ, прашање е кога пеачката ќе застане на лудиот камен, а таа открива дека тој датум се ближи, но и дека семејството и пријателите и приговараат што не се мажи.

– Не, само вие новинарите се занимавате со тоа прашање(се смее) Вие сактае да ме омажите, од моите никој не брза. Шега на страна, моите се задоволни кога јас сум среќна, не ме оптеретуваат со некои формалности. Ако мене ме прашате, многу е поважно бебе отколку брак (мислиме на брак на хартија) – објаснила рада.

Во Новата година сите влегуваат со посебни желби, а пејачката за крај на ова интервју открила што за себе би си посакала после полноќ на оваа година.

“Себеси ќе си посакам повеќе грижа за себе и своето тело отколку досега, повеќе теретана, масажи, повеќе уживање и стан во Белград, некоја убава дестинација за летување, неколку убави песни, сите околу мене да се живи и здрави, и што повеќе би посакала од ова. Како што рекол еднаш некој паметен човек, не мора Нова година ништо да ми донесе, само нека не ми го однресе и не ми го зема она што го имам и јас ќе бидам среќна“, рекла РАда. ,