Приватниот живот на српската пејачка Тања Савиќ, изминативе месеци е една од главните теми во регионалните медиуми, барем кога станува збор за естрадата.

Приказната почна во април, кога нејзиниот сопруг Душан и ги зеде синовите и ги однесе во Австралија, а оттогаш пејачката ги нема видено децата и во јавноста изнесе шокантни детали од својот брак.

Деновиве за Тања и нејзината ситуација проговори нејзината колешка Рада Манојловиќ во интервју за „Скандал“.

Да, ама не толку добро, меѓутоа доволно добро за да кажам дека секогаш беше фин со мене и мојата сестра. Дури јас и мојата сестра еднаш бевме кај нив и не можам ништо да кажам – вели Рада.

На прашањето дали Тања и Душан изгледале како убав пар, Манојловиќ вели:

Да, се гледаше дека меѓу нив има љубов и хемија и дека децата им се воспитани. Ми е жал кога се распаѓа некое семејството, но не можам да навлегувам во причините. Жал ми е што поминува низ ова.

Да, се допишувавме на Инстаграм. Јас никогаш не сакам да се мешам, само да кажам дека сум тука и ако на некој му треба помош ќе се јави. Јас само ја посоветував околу новинарите,  но не сакам да се мешам – вели Манојловиќ.