Рнб двоецот најавува перформанси со многу емоции и позитивна енергија, кои никого нема да остават рамнодушен, а на кои на момците друштво на сцената ќе им прават Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали, Маја Саздановска, Сара Николовска и Ана Костадиновска.

Перформансите ќе бидат идентични со оние од Универзална, Метрополис арената и неодамна одржаниот концерт во клубот Привилеџ, а “Навлечен на тебе”, “Што сака нека биде”, “Дада”, “Срце”, “Најмила”… се само дел од хитовите кои ќе се најдат на репертоарот на концертната турнеја.

Емоции, адреналин и позитивна енергија е она што ќе ги одбележи овие концерти кои ќе бидат вечери за паметење и интимна забава на која никој нема да остане рамнодушен.