x

Работнички триумфално низ Аеродром

Работнички дојде до седмиот триумф оваа сезона. Тимот од “Градски парк” за противник го имаше вториот состав на МЗТ Скопје. Очекувано победата ја однесоа “црвено-белите” на гостински терен славеа со 89-72.

Избраниците на Димитар Мираковски одиграа онолку колку што беше потребно за да дојдат до нови два бода.

Во шестата минута имаа водство од 4-16, по првите десет минути беше 13-23.  Младите кошаркари на МЗТ Скопје беа мотивирани, го добија следниот период со 23-19, но секако беа далеку од позиција да приредат изненадување.

Лесколт до 28 поени и Двејн со 18 ги предводеа гостите, на другата страна Митевски имаше 17 поени.

Во последната средба од 10. коло, МЗТ Скопје е домаќин на Кожув.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата