x

Работнички тргна со Достаниќ

Новиот тренер на Работнички, Ратко Достаниќ, ја имаше првата прозивка на екипата денеска во 16 часот. „Романтичарите“ почнуваат пред Нова година, и тоа е првата екипа која стартува во овој период. Сите други стартуваат во првите денови после Новата година.

Достаниќ ќе има доста време да се запознае со новите играчи, и да одработи добри подготовки. На Работнички му претстои жестока битка за опстанок во Лигата. Во моментов тимот е на последното место на табелата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата