x

Работнички посакува прва гостинска победа, дали Ренова е веќе со мислите кон Хајдук!?

rabotnicki-renova

 

Работнички денеска гостува во Тетово, каде во рамките на 5.коло во ПМФЛ ќе ги одмери силите со Ренова. Составот на стратегот Ратко Достаниќ во изминатите четири кола успеа да освои 5 бодови, реално недостигаат тие два со Вардар, и тој еден со Македонија ЃП кој беше загубен во последните секудни, за да може да се каже дека тоа беше очекуваниот скор за “романтичарите“. Само една победа, две ремија и еден пораз.

Токму затоа ете ја шансата за Работнички денеска под Шара, против својот традиционално незгоден ривал како што е тимот на Ренова, да дојде до победа, да ги освои трите бодови и да се најде меѓу оние екипи од горниот дел на табелата.

Ренова исто така има пет бодови, исто има само една победа, две ремија и еден пораз, но Ренова е со мислите кон Хајдук. Ако сака Работнички победа, тој факт мора да го искористи, по секоја цена. Оваа двонеделна пауза добро им дојде на “романтичарите“, се работеше максимално, сега на ред е освојување на бодови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата