x

Работнички патува на подготовки во Охрид, веднаш на тест со Пелистер

rab-1-35

Тимот на Работнички денеска патува на подготовки во Охрид. Клубот ги испочитува сите протоколи по појавувањето на еден случај на позитивен тест на коронавирусот, а по повторното тестирање сите фудбалери се негативни.

По ова, експедицијата заминува на подготовки во Охрид и вечерва (18.30 часот) ќе го одигра и закажаниот пријателски натпревар против Пелистер на стадионот „Билјанини извори“.

Фудбалерот кој беше позитивен на Covid-19 останува во самоизолација по што ќе мора да го мине и вториот тест на коронавирус пред да се приклучи на подготовките со останатиот дел од тимот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата