x

Работнички од Златибор се одјави со пораз

nikolovski-1

Работнички не успеа да продолжи во ист ритам и со победата да се одјави од Златибор. На последниот меч, избраниците на Димитар Мираковски беа совладани од Младост со 89-73 (24-19, 25-9, 21-26, 19-19).

Лошата втора четвртина во која Работнички постигна само девет поени, наспроти 25 поени на противникот. По одморот се обидоа „црвено-белите“ да се вратат во игра, но тешко одеше, негативата беше голема.

Македонскиот тим добро влезе во дуелот, поведе со 1-8 и 7-14, но Младост со серија од 10-0 го презеде водството (17-14) и до крај не дозволи пресврт. Најголемата позитива ја имаше во третиот период од плус 27 поени (68-41).

Работнички турнирот во Златибор го завршува со две побед и два порази.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата