Младиот дефанзивец беше на проба во редовите на „романтичарите” во летните подготовки во Словенија и одигра неколку натпревари, а во кариерата има настапувано за босанскиот Зрински и хрватскиот Имотски. Беше дел и од младинската академија на калчолигашот Киево.

Со неговите тест – натпревари во Словенија, Томас ги задоволи вкусовите на тренерот Томислав Франц, и во најкус рок се очекува и негово официјализирање во Работнички.