x

Работнички може да се врати на тренинзи, МЗТ Скопје денеска на „тест“

pet_5745-e1600112231611

Пред стартот на новата сезона во Првата кошаркарска лига клубовите со соочуваат со проблемот коронавирус. Додека едни излегуваат од самоизолација, други чекаат да бидат тестирани. По Работнички, позитивни случаеви на Ковид-19 има во МЗТ Скопје и ФМП.

Најтрофејниот кошаркарски колектив поради немарност на КФСМ мораше да оди во самоизолација, федерацијата нема донесено Ковид-протоколи, по автоматизам мораа сите да прават пауза.

Но, овие денови се зад Работнички, комплетниот тим денеска излегува од самоизолација и ќе може да продолжи со подготовки за стартот на сезоната во која ќе има и јадранска обврска.

Од друга страна во Аеродром трае неизвесност, откако едно лице беше позитивно на Ковид-19, МЗТ Скопје денеска ќе прави нови тестови, по кои ќе биде познато каков ќе биде текот, дали сите же можат да продолжат да тренираат или пак додека КФСМ не донесе протоколи ќе останат дома.

Се чека и официјален став од ФМП, и таму е присутен проблемот со коронавирусот.

Сликата во кошарката е загрижувачка бидејќи следниот викенд треба и официјално да почне првенството.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата