x

Работнички и МЗТ Скопје по поправен во АБА 2-лига

mikolovski

Во сенка на историскиот меч на македонската фудбалска репрезентација против Грузија за пласман на ЕУРО 2021 година, се новите пресметки на Работнички и МЗТ Скопје во АБА 2-лига.

И двата тима тргнаа со пораз на стартот на сезоната, најтрофејниот беше убедливо поразен од Студенски Центар, додека тимот од Аеродром по голема драма беше совладан од Подгорица. Практично овој клуб ќе биде противник на избраниците на Димитар Мираковски во второто коло.

Кошаркарите од „Градски парк“ имаа доволно време за одмор, па денеска се очекува да се покажат во подобро светло и да ги нанижат првите бодови во дебитанската сезона, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

Нешто подоцна, поточно во 21 часот на сцена ќе настапи МЗТ Скопје. И Сутјеска на оваа средба ќе бара прва победа, на стартот беше совладана од Златибор. Двата тима имаат историја на пресметки, до сега одиграле шест меча, три припаднале на македонскиот клуб, три на противникот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата