x

Работнички води со 1:0 по првите 45.минути од мечот со Беласица!

saro-rabo

Со деби голот на Фахрудин Ѓурѓевиќ во 38.минута, Работнички води со 1:0 против Беласица по првите 45.минути во натпревар од 2.коло во ПМФЛ, кој се игра на Арената во Скопје. Тоа беше акција која ја започна Тодоровски, потоа асистираше Зука а Ѓурѓевиќ умешно ја затресе мрежата на струмичани.

Момците на стратегот Ратко Достаниќ доминираа во текот на целото полувреме, имаа шанси преку Зука, Силјановски и Стојкоски за поубедливо водство, но сепак остана само 1:0. Беласица преку Робсон да Силва еднаш опасно се закани.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата