Во изминативе години правата на работниците се редуцираа 13 пати, меѓутоа подобрување на бизнис-климата и некои други ефекти не се гледаат. На ова предупреди Лилјна Јанкуловска, од секцијата на жените во Сојузот на синдикатите на Македонија. Таа укажува дека за првото вработување во просек се чека над 4, 5 години, дека статистиката покажува дека работно активното население ни е во подминати години, дека поради ваквите состојби подоцна се стапува во брак и оти во одделни општини морталитетот ни е поголем од наталитетот.