Синдикатите на работниците во хемиската индустрија во северниот италијански регион Ломбардија најавија дека ќе стапат во штрајк на 25 март за да го заштитат здравјето на работниците, затоа што владината Уредба за затворање на фабрики поради коронавирус содржи премногу исклучоци.

Трите главни синдикати – Филтем, Фемка и Ултек, соопштија дека во штрајкот ќе учествуваат вработените во сите компании кои сметаат дека нивниот бизнис не е од суштинско значење во однос на тековните национални потреби и каде што безбедноста не е загарантирана, пренесува „Ројтерс“.

Ломбардија е најтешко погодениот регион од вирусот Ковид-19 во Италија, кој во неделата уби вкупно 5.476 лица во таа земја.

извор: Makfax