Државната комисија за енергетика и регулирање (ДКЕВР) не започнала процедура за одземање на лиценцата на електропроизводствената компанија ЧЕЗ.

Наместо тоа, чешката компанија добила директиви до 16 април да ги отстрани констатираните дефекти. Тогаш, повторно ќе се разгледува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа.

“Вчера не им беа одземени лиценците на ЧЕЗ Разпределение и ЧЕЗ Електро, но се започнати соодветни процедури”, посочил Андон Роков од ДКЕВР за бугарските медиуми. Целта на процедурите е “комисијата да се убеди дека нарушувањата не се толку сериозни, што можат веднаш да бидат поправени и без притоа да има лоши последици”, рекол Роков. Ако тоа не се случи, дури тогаш може да се премине на одземање на лиценцата.

На 17 февруари министерот за економија Делјан Добрев објави, државата може другата недела да започне процедура за одземање на лиценцата на ЧЕЗ. На вонредниот брифинг завчера, 19 февруари, премиерот Борисов објави, дека за само неколку часа ќе и биде одземена лиценцата на компанијата. Економистите тогаш коментираа дека таквата процедура не може да биде извршена експресно, затоа што прво се прават проверки, па дури откако се докаже дека има тешки нарушувања тогаш се оди на одземање на лиценцата.

Само една недела пред проблемот во Бугарија, ЧЕЗ ја изгуби лиценцата во Албанија. Веднаш по одлуката албанските регулатори, ЧЕЗ ја информирал владата за намерата да иницираат интернационална арбитража. Тие се повикале на незаштитената инвестиција на дистрибутивната компанија за струја ČEZ Albanija. Компанијата ČEZ Group очекува дека ќе добие компензација за предизвиканата штета како што и следува според интернационалните закони, базирана на договорот кој бил меѓу оваа компанија и Албанија да ја поддржува и да ја штити нивната инвестиција, како и на договорот Energy Charter Treaty, со кој се дефинираат линиите на корпорацијата во енергетскиот бизнис, кој и двете страни го потпишале.

ČEZ Group влезе на албанскиот пазар во мај 2009 година откако откупи 76% акции од албанската компанија за дистрибуција на струја, останатите 24% акции останаа во рацете на албанската Влада. Вредноста на нивната инвестиција во оваа земја изнесуваше 102 милиони евра. Инвестицијата на ЧЕЗ во Албанија изнесува 3.6% од сите нејзини странски инвестиции, а 0.7% од сите вкупни инвестиции на оваа корпорација.

Ситуацијата во Албанија станува се покомплицирана во почетокот на 2012 година, кога поради голема суша, како албанска државна компанија која произведува струја мораше да увезува енергија по многу повисоки цени, што ја донесе компанијата на работ на банкрот. Таа не би преживеала без поддршка од албанската Влада.

Владата се обидела да ја реши оваа ситуација на почетокот на оваа година со одлука неочекувана во Европа: сите трошоци биле поставени на рамениците на странски инвеститор, ЧЕЗ Саладин Албанија. Затоа, почнувајќи од 1 јануари 2012 година, локалните регулатори наредиле цената на струјата да биде 91% повисока.

По интензивни преговори, ова негативно влијание би можело делумно да се олесни со новата одлука на регулаторот да се намали цената на моќност обезбедена од КЕШ на државните електрани од 2830 до 2200 АЛЛ / MWh, и со тоа во следната година растот на цената од предвидените 91 ќе биде само 49%. Сепак, албанските даночници определиле казна од околу 28 милиони евра за неплатени даноци и казни, плус приближно 3 милиони евра, поради неисполнување на договорениот увоз на електрична енергија. Во почетокот на октомври 2012 година, групата ЧЕЗ Саладин направи измени во Надзорниот одбор и на Одборот на директори на ЧЕЗ Албанија за да го подигне нивото на преговори со албанската Влада. На 16 ноември, по серијата неуспешни преговори со албанската Влада, ЧЕЗ Албанија одлучи да го прекине напојувањето на сите албански државни згради како водоводот на пример, кои на долг рок не успеаја да ги намируваат своите сметки за енергија.

Меѓутоа, албанската полиција не и асистирала на енергетската компанија, туку напротив, уапси шест вработени на ЧЕЗ Албанија врз основа на пријави поднесени од државните органи кои беа исклучени од напојување со струја. И Судот се вклучи во државната хајка против компанијата и наложи ЧЕЗ повторно да ги поврзе сите владини институции. На 21 јануари 2013, албанскиот регулатор ја повлече лиценцата и назначи администратор за ЧЕЗ Албанија, кој, под надзор на регулаторот, го презеде раководството на компанијата, вклучувајќи ги и сите овластувања за донесување одлуки и одговорност за работењето на компанијата.

Во Македонија пак, во 2005 година ЧЕЗ официјално изјави интерес да влезат во тендерот за приватизација за единствениот македонски дистрибутер на електрична енергија АД ЕСМ.Оваа компанија тендерот го доби во 2006 година и ЕСМ се ребрендира во ЕВН Македонија.

Тогаш податоците за АД ЕСМ покажуваа дека таа опслужува 721.000 крајни корисници и продава 4.4 TWh на електрична енергија во една година. Покрај дистрибуцијата, компанијата поседува 11 мали хидроцентрали со вкупен инсталиран капацитет од 38 мегавати. Македонија произведува околу 6,2 ТВтч на електрична енергија во една година.

Освен во Македонија, ČEZ Group поседува енергентски компании или пак има значаен удел во уште осум земји, и тоа Албанија, Бугарија, Германија, Унгарија, Полска, Романија, Словенија и Турција. Во сите нив, освен во Албанија, инвестициите биле исплатливи или пак се исполнил очекуваниот поврат на средствата. (М.Т.)