Александар Тарабунов периодов интензивно се занимава со спорт. Пејачот решил своето тело да го доведе до совршенство, па освен што редовно трча и вози велосипед од неодамна рекреативно посетува и часови по пливање.

Работам на своето тело и планирам до почетокот на летово да се направам топ. Трчам на кеј, возам велосипед, пливам… Мразам активности на затворено и не сум некој обожавател на теретаните, сакам да вежбам во природа. Исто така, внимавам и на исхраната и секојдневно си подготвувам здрави напитоци и оброци”, вели Тара кој во моментов е посветен и на обврските кои ги има во Македонската опера и балет каде е во редовен работен однос.

Музиката е моја најголема љубов и кај нас дома секогаш е весело, со татко ми го пијам првото утринско кафе или чај и денот го почнуваме со песна. Тој е моја најголема поддршка во кариерата и многу работи научив од него”, искрен е пејачот којнаскоро ќе го промовира и деби албумот.