Фолк пејачката Јелена Карлеуша сериозно има намера да влезе во политика. Атрактивната пејачка би сакала да стане градоначалничка на Белград , а себеси се спореди со досегашниот претседател Томислав Николиќ.

,,Зошто да не бидам градоначалник ? Па ако можеше Тома Николиќ да биде избран за претседател на државата , можам и јас да бидам градоначалник” , рече пејачката додека во жарот на говорот и отпаднале перја од облеката .

Српските медиуми пренесуваат и дека Миломир Мариќ искоментирал пред неа дека и паѓаат пердуви како на вистинска кокошка , на што Карлеуша се насмеала и го пофалила за шегата на нејзина сметка .