Пјонгјанг денеска лансираше ракетна со среден дострел од типот „Мусудан” од база на неговиот источен брег, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на извори во Армијата на Јужна Кореја.

Според истиот извор, ова лансирање следело два часа по претходно извршен неуспешен тест со ракета од истиот тип.

Лансирањата ги потврди и Армијата на САД, која соопшти дека нејзините сателити детектирале истрелување на ракети, кои паднале во водите на Јапонското Море.

Ракетите „Мусудан” имаа дострел до 4.000 километри и можат да погодат цели на американсата воена база на Гуам.