Општина Кичево по распишаниот тендер за набавка на лесно масло за горење (Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1) склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Пуцко петрол“ увоз-извоз ДООЕЛ од с.Пласница. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 10.856.000 денари или околу 176.000 евра.