„Верувам и длабоко сум убеден дека силната претседателска моќ е апсолутно неопходна за нашата земја“, изјави Путин во обраќањето пред Државната дума, долниот дом на парламентот. Сепак, јавноста треба да има гаранции дека изборите – вклучително и претседателските избори – се отворени и компетитивни.

Спроведувањето на уставните измени што во моментов се дискутираат во парламентот ќе ги ограничат идните претседатели на само два мандати, без дозволат повторно да бидат избрани.

Сега, Путин смета дека иако пренесувањето на моќта е клучно за „динамичен развој на земјата“, укинувањето на двомандатниот лимит може да биде опција – но под одредени услови. Ваквата иницијатива би можела да стане реална „само ако граѓаните го поддржат таквиот предлог“ на претстојното национално гласање на 22 април, рече претседателот.