Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за измена на процедурата за формирање на Сенатот, горниот дом на парламентот.

Законот меѓудругото им овозможува на поранешните претседатели да бидат доживотни сенатори ако тоа го сакаат.

Според новиот закон поранешниот претседател ќе има статус на сенатор од моментот на поднесување на барањето на Советот на федерацијата, за што има рок од три месеци од денот на престанок на извршување на функцијата. Доколку овластувањата му истекле пред усвојување на законот, барањето може да се поднесе во кое било време, пренесе ТАСС.

Законот, исто така, дозволува сегашниот претседател да назначува сенатори, од кои може да има најмногу 30, а само седум можат да имаат доживотно членство, додека останатите имаат мандат од шест години.

Законот може да важи само за државјани на Руската Федерација, постари од 30 години со беспрекорна репутација, кои трајно престојуваат во Русија, кои немаат странско државјанство или дозвола за престој или кој било друг документ со кој се потврдува нивното право на постојан престој во странска земја.

Лицата кои издржале тешки затворски казни или се обвинети за сериозни или умерени кривични дела нема да можат да ја извршуваат функцијата сенатор, како што е предвидено со овој закон, кој е објавен и веќе стапи на сила.

извор: Makfax