Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека волонтерите од тимот за пребарување помогнале да се најде местото каде што бил погребан неговиот брат, кој загинал за време на опсадата на Ленинград.

„Тие го најдоа мојот брат за кого се воспостави дека е погребан на меморијалните гробишта, кои за време на опсадата била масовна гробница. Родителите тоа не ни го знаеа. Само им пратија известување дека загинал за време на опсадата и тоа е се, а потоа волонтерите го најдоа. Го најдоа и конкретното место на Пискарјовско. Знам дека тоа е добра и племенита работа“ рекол Путин на состанокот со членовите на советот за човекови права.

Нему му беше поставено прашање за пронаоѓање на гробницата на жртвите од политичката репресија.

Претседателот рече дека ќе предложи на државната дума на Русија да размисли за подобрување на законодавството во врска со масовните гробни места.

Покрај тоа, рускиот шеф на државата ќе побара од градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин да му помогне на Храмот на светите нови маченици и исповедник на Русија во Бутов во реновирање на зградата на поранешната Федерална служба за безбедност (ФСБ), на кој е предвидено да се отвори музеј за жртвите на паднатите заради верата.