Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон со кој на руските власти им се овозможува блокирање на интернет-страници и изрекување казни за лажни вести и материјали кои се сметаат за навредливи за државата и јавноста.

Новиот закон им дозволува на властите да блокираат интернет-страници и кориснички сметки кои објавуваат лажни вести.

Горниот дом на Парламентот го одобри предлог законот на 13 март, а долниот дом, Думата, даде конечна согласност на 7 март.

извор: Makfax