Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека не знае дали во скоро време ќе се состане со американскиот претседател, Доналд Трамп, истакнувајќи дека е важно Москва и Вашингтон да ги нормализираат односите.

„Не знам дали ќе дојде до тој состанок или не“, изјави рускиот претседател на годишната прес-конференција, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според агенцијата „Тасс“, Путин повеќе пати повторил дека Русија е подготвена за таков состанок.

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, на почетокот на месецов изјави дека состанок меѓу Трамп и Путин нема да има додека Русија ги држи украинските бродови и екипажот кои беа заробени во близина на Крим.

извор: Makfax