Ширењето на коронавирусот не влијае на распоредот на патувања на рускиот претседател Владимир Путин, но не е исклучено распоредот да се прилагоди за поголемите меѓународни форуми, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште нема промени во распоредот за патувања на Пуин, тој патува во руските региони според неговиот вообичаен распоред. Сепак, не можеме да ја исклучиме можноста за поместувања на некои големи меѓународни настани, но претседателот нема посебни ограничувања во неговиот распоред“, истакна Песков.

извор: Makfax