Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја” како „херои”. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш” во Сочи.

– За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков.

Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри дека шефот на државата му се јавил, ги поздравил фудбалерите и се заблагодарил за убавата презентација.

– Путин се јави, разговаравме неколку минути, изјави тренерот на медиумите.

Хрватската репрезентација е последен полуфиналист на 21-то Светско првенство. Пред речиси 44.000 гледачи на стадионот во Сочи, освојувачите на бронзениот медал од Франција 1998 победија со 6:5 по пенали против домаќините од Русија во исклучително неизвесен дуел.