Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп телефонски разговараа за најгорливите проблеми во светот, ширењето на коронавирусот и за состојбата на пазарот на нафта, соопшти Кремљ.

„Путин и Трамп изразија загриженост за степенот на ширење на коронавирусот во светот и разменија информации за мерките преземени во САД и Русија за борба против заканата“, пренесува Спутник.
        
Според Кремљ, двајцата лидери разговарале и за поблиска соработка во борбата против пандемијата на вируси. За време на разговорот станало збор и за ситуацијата на пазарот на нафта, а претседателите се согласиле дека консултациите треба да продолжат на ниво на министрите за енергија. Разговорот бил инициран од американска страна.

извор: Makfax