Иако Путин повремено користи Интернет, тој нема многу време, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин може да прочита бројни интернет публикации за себе и за околината. „Нема паметен телефон, тоа е едноставно невозможно“, рече портпаролот за радио Комсомолска правда, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ потсети дека Путин се подготвувал за прес-конференција во последните неколку дена, занимавајќи се со горливите државни прашања, вклучувајќи ги и цените на храната.

Одговарајќи на прашањето кој би можел да стои зад лажните вести за личниот живот на Путин, Песков истакна дека некои неодамна објавени материјали „секаде имаат отпечатоци од странска разузнавачка агенција“, но се воздржа од именување на истите.

Вчера Путин ги именуваше американскиот Стејт департмент и американските разузнавачки агенции како автори на лажни вести за него и неговото семејство.